Трамп одржа собири во клучните држави Флорида и Северна Каролина

Американскиот републикански претседател Доналд Трамп во рамките на својата предизборна кампања престојуваше во Северна Каролина и на Флорида, едни од сојузните држави во кои исходот од претседателските избори е секогаш неизвесен и важен за крајниот резултат, и на граѓаните им порача деке неговиот декомратски противкандидат Џо Бајден има планови кои се опасни за американската економија.

„Ако сакате да ја спасите Америка мора да гласате“, изјавил Трамп пред илјадниците приврзаници на аеродромот во Џексонивл на Флорида.

Го обвинил Бајден дека ја свртува политиката „премногу лево“, и предупредил дека плановите на Демократската партија за справување со пандемијата од коронавирусот ќе ја загрозат американсата економија.

Во критиките за настапот на Трамп неговите противници истакнуваат дека не претставил национална стратегија за борба против коронавирусот, од кој во САД се заразени над едум милиони а починаа 200.000 луѓе. Трамп тврди дека вакцината наскоро ќе биде достапна и инсистира на брзо укинување на рестрикциите по пролетниот карантин што предизвика големо зголемување на невработеноста. Претходно стапката на невработеност во САД беше на едни од историски најниските нивоа.

„Планот на бајден ќе ја уништи Флорида. Мојот план ќе го уништи вирусот“, порачал Трамп.

Претходно во Шарлот, во Северна Каролина, Трамп потпиша две извршни уредби, од кои едната се однесува на обездувањето граѓаните со хронични здравствени проблеми да го задржат здравственото осигурување. Републиканците и администрацијата на Трамп сакаат да ја затворат програмата „Обамакер“ како нефункционална, со која меѓу другото требаше да се осигури лица со постојни здравствени проблеми да не плаќаат скапа полиса за здравствено осигурување.

Американците, како што покажуваат анкетите спроведени на национално ниво, повеќе му веруваат на Бајден отколку на Трамп по прашањето на здравството, за разлика од тоа кога станува збор за економијата.