Трамп остро го нападна својот министер за правда поради прислушувањето

401

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата повторно остро го нападна министерот за правда Џег Сешнс, нарекувајќи го „срамен“ неговиот избор на процедурата во истрагата за можното прислушување.

„Зошто Џеф Сешнс бара од главниот инспектор да спроведе истрага за можните злоупотреби во врска со FISA?“, зпраша американскиот претседател Доналд Трамп алудирајќи на законот FISA (Foreign Intelligence Surveillance Act) кој детално ги опишува условите под кои некој може да се прислушува.

„Тоа нема да има крај, тој не е овластен да одлучува за судскиот прогон“, се пожали американскиот претседател кој редовно и јавно дава дори и лоши оцени за членовите на неговата администрација.

„Нели Обама го именуваше главниот инспектор: Зошто да не им се обратиме на правниците во министерството за правда? СРАМОТА“, напиша Трамп.

Поранешниот сенатор на сојузната држава Алабама, изразено конзервативниот Џеф Сешнс, кон во текот на претседателската кампања силно го поддржуваше Доналд Трамп, е редовно цел на остри напади на актуелниот претседател.

Трамп му забележува сега на Сешнс што се изземал од истрагата за наводното руско мешање во претседателските избори во 2016 година која всушност откри дека некои од изборниот штаб на републиканецот биле прислушувани, и така всушност го остави од сојузник во случајот кој противниците го користат за напади врз претседателот.

Сешсн, исто така, остро реагираше во кусото соопштение во коешто, без директно да ја спомене објавата на претседателот на Twitter, истакна дека својата работа ќе ја врши „чесно и праведно“ сѐ додека биде на должност.

„Ова министерство ќе работи праведно и непристрасно, почитувајќи го законот и уставот“, додава Сешнс во невообичаената комуникација преку Twitter и соопштенија меѓу двајцата седумдесетгодишници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.