11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Трамп пак ја исмеа Грета, ама девојчето му врати

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и се нафрли на тинејџерката активистка Грета Тунберг, откако беше прогласена за личност на годината од списанието „Тајм“.

Тој на Твитер напиша дека таа треба „да работи на нејзиниот проблем со контролата на гневот“.

Американското списание ја пофали Грета за започнување на далекусежна кампања што се претвори во меѓународно движење за борба против климатските промени.

Сепак, Трамп не се согласува со одлуката на магазинот „Тајм“ и го коментираше на Твитер дека овој потег е „смешен“, според „Индипендент“.

“Навистина е смешно. Грета треба да работи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да оди на кино со пријателите за да гледа некој стар, добар филм. Смири се, Грета”, напиша Доналд Трамп на Твитер.

Грета Тунберг не му одговори директно на Трамп, но во описот на својот профил на Твитер напиша дека е „тинејџерка која работи на нејзиното прашање за контрола на лутината и во моментот се смирува за да гледа стар, добар филм со една пријателка“.

Ова е втор пат претседателот на САД да ја критикува Тунберг, на која и е дијагностициран синдром на Аспергеров, поради нејзината емотивна состојба.

Во септември, Грета беше на истиот настан како Доналд Трамп во ООН и налутено им порача на сите светски лидери дека „никогаш нема да им прости“ што не успеале да преземат акција против климатските промени за идните генерации.

Трамп последователно напиша на Твитер: “Таа изгледа како многу среќна млада девојка, која со нетрпение очекува светла и прекрасна иднина. Тоа е убаво да се види.”

По тој коментар на претседателот Трамп, Грета го смени својот опис на Твитер во – Многу среќна млада девојка која со нетрпение очекува светла и прекрасна иднина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.