Трамп пак се потсмевал со Бајден: Потроши многу пари на пластични операции, а сега тоа го крие со маска

Американскиот претседател Доналд Трамп се запрашал зошто неговиот противкандидат на претстојните претседателски избори, Џо Бајден, “ги потрошил сите пари на пластични операции, кога лицето го крие со маска”.

Трамп повторно го исмеал Бајден поради носењето на маска и го обвинил дека имал пластична операција на предизборниот собир во близина на Питсбург, една недела пред првата претседателска дебата.

“Зошто, по ѓаволите, ги потроши сите тие пари на пластични операции ако го покрива лицето со маска”, рекол Трамп.

Тој ги запрашал насобраните во местото Мин Тауншип дали мислат дека Бајден ќе носи маска во текот на дебатата, на што тие одговориле потврдно.

Трамп на митингот повторил и дека поранешниот американски потпретседател треба да се тестира за дрога пред дебатата.

Двајцата претседателски кандидати ќе се соочат во својата прва дебата на 29-ти септември во Кливленд, а модератор ќе биде водителот на “Fox News”, Крис Волас.