Трамп: Пандемијата со Ковид-19 може да заврши до јули, август

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска на прес конференција дека пандемијата со Ковид-19 можно е да заврши во јули или август, „доколку се справиме на добар начин“.

Тој ги повика Американците да избегнуваат групи со повеќе од 10 луѓе на едно место. Трамп нагласи дека не е за затворање на границите на државата туку само на „одредени области“.