Трамп планира средба со Ким по ветувањата дека ќе се откаже од нуклеарната програма

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека е подготвен да се сретне со севернокорескиот челник Ким Џонг-ун, што би била нивната прва средба „тет-а-тет“ и потенцијално голем пресврт во нуклеарните тензии меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

Ким се обврза на „денуклеаризација“ и прекинување на нуклеарните и ракетните тестирања, изјави јужнокорејскиот функционер надлежен за националната безбедност, што го потврди и Белата куќа.

„Состанокот се планира“, напиша Трамп на Twitter по разговорот со Чунг Еу-јонг, создавајќи простор за својот најголем надворешнополитички потег од стапувањето на претседателската должност во јануари 2017 година.

Чунг, кој го известил Трамп за својата неодамнешна посета на Северна Кореја, изјави дека американскиот претседател одговорил на повикот на Ким и се согласил на состанок кој би требало да се одржи до мај.

Висока американски функционер подоцна изјави дека средбата би можела да се случи „во рок од неколку месеци, а дека точниот датум и местото допрва треба да се утврдат“.

Јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин, кој вложи громни напори да ги олесни односите со Северна Кореја во текот на неодамна заршените Зимски олимписки игри, изјави дека споменатиот состанок меѓу Трамп и Ким би ги поставил темелите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, пренесе неговиот портпарол.

Трамп се согласил на состанок со Ким без никакви предуслови, додал друг висок јужнокорејски функционер, пренесува Reuters.

Ублажувањето на тензиите меѓу Северна Кореја и САД позитивно влијаеше веднаш на пазарите на капиталот. На Токиската берза индексот Nikkei порасна за 0,5 отсто, а јужнокорејската берза за повеќе од еден процент. Курсот на американскиот долар порасна во однос на јапонската валута јенот, кој се смета за безбедно засолниште за капиталот во несигурните времиња.

Американскиот претседател и претходно истакнување дека под одредени услови сака да се сретне со Ким, но дека тоа време сé уште не е дојдено. Во октомври минатата година го исмејуваше својот државен секретар Рекс Тилерсон „дека само го троши времето“ обидувајќи се да разговара со Северна Кореја. Тилерсон во четвртокот во текот на посетата на Африка рече дека „разговорите за разговорите“ со Пјонгјанг се можни но дека преговорите за денуклеаризацијата веројатно уште се далеку.

„Ким Џонг-ун разговараше за денуклеаризацијата со јужнокорејските претставници, не само за замрзнување на програмата. Покрај тоа, во тој период Северна Кореја нема да изведува ракетни тестирања. Тоа е голем напредок, но санкциите остануваат до постигнување на договор“, напиша на Twitter Тилерсон.

Средбата на Трамп со Ким, коишто во минатото разменуваа тешки навреди и предизвикаа во светската јавноста стравувања од можна војна во којашто би можело да биде употребено и нуклеарно оружје, би претстаувало огромно придвижување по низата години во коишто Пјонгајнг изведуваше тестирања во своите напори да развие интерконтинентален балистички проектил способен да погоди цели на американска територија.

На најновиот развој на настаните позитивно реагираа Јужнокорејците честитајќи му на социјалните мрежи на својот претседател Мун затоа што отвори пат за средба меѓу Трамп и Ким. Некои дури предлагаат на јужнокорејскиот челник да му се додели Нобеловата награда за мир, иако постои одредено сомневање поради неуспесите на претходните вакви разговори.

Северна и Јужна Кореја сé уште технички се во војна, имајќи предвид дека нивниот судир од 1950 до 1953 година е завршен со прекин на војната и примирје, а не со мировен договор.

Јапонскиот министер за одбрана Итсунури Онодера коментирајќи ја објавата од Вашингтон изјави дека Северна Кореја мора да се обврзе дека потполно ќе се откаже од развојот на нуклеарно оружје за да може со Пјонгјанг да се одржат смислени разговор.

Трамп за новонстатаната ситуација во поглед на корејската криза разговарал со јапонскиот премиер Шинз Абе, а САД нема да се согласат на ништо помалку од потполна денуклеаризација, изјави за агенцијата Reuters неименуван фунционер од администрацијата на американскиот претседател.

Абе, пак, за новинарите во петокот изјави дека во телефонскиот разговор со Трамп повторил дек меѓународната заедница мора да продолжи со максималниот притисок врз Пјонгјанг, како и дека се надева оти уште следниот месец ќе го посети САД и со Трамп ќе разговара за Северна Кореја. „Ј поздравуваме промената на ставовите на Северна Кореја“, рече Абе.

Чунг и шефот на јужнокорејската Национална разузнавачка служба, Сух Хун, допатуваат порано во четвртокот во Вашингтон за да ги пренесат ставовите на Северна Кореја за можни преговори со Вашингтон и можностите Пјонгјанг да ги запре нуклеарните тестирања, доколку на режимот во Северна Кореја им се даде безбедносна гаранција.