Трамп по објавувањето на неговите даночни пријави е горд на „успехот“

Поранешниот американски републикански претседател Доналд Трамп го критикуваше во петокот објавувањето на неговите даночни пријави од страна на Претставничкиот дом на Конгресот, но рече дека тие го покажале неговиот „горд успех“ и умешноста да ги искористи дупките во законот за да создаде илјадници нови работни места.

Комитетот за приходи и расходи во мнозинските демократи во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во петокот ги објави даночните пријави за шест години на претходниот републикански претседател Доналд Трамп, неколку дена пред републиканците да ја преземат контролата над долниот дом на парламентот.

Со објавата на ревидираните извештаи на Трап за периодот меѓу 2015 и 2020 година завршува повеќегодишната борба меѓу демократските пратеници и поранешниот републикански претседател која во ноември ја реши Врховниот суд на САД, на штета на Трамп кој се обиде да ја заштити тајноста на податоците. Според документите, во споменатиот период даноците на 76-годишниот милијардер се движеле од нула до милиони долари.

„Демократите не требаше да го сторат ова, Врховниот суд не требаше да го одобри ова, тоа ќе доведе до ужасни последици за многу луѓе. Големиот американски јаз ќе остане уште поширок. Радикалните демократски левичари веќе се вооружен со речиси сѐ, но запаметете дека тоа е двонасочна улица“, наведува Трамп во својата писмена изјава.

Републиканците и претходно предупредија дека ова објавување би можело да доведе до претворањето на индивидуалните даночни пријави во политичко оружје, и додадоа дека републиканските пратеници коишто следниот месец ќе го преземат Комитетот ќе бидат под притисок истата метода да ја искористат против високопозиционираните демократи, вклучително и нивниот претседател Џо Бајден.

„Даночните пријави на Трамп уште еднаш покажуваат колку гордо бев успешен и како можев да го искористам вреднувањето на активите и различните даночни олеснувања како поттик за создавање илјадници работни места, величествени објекти и претпријатија“, додава Трамп во изјавата за јавноста.

Од даночните пријави произлегува дека од шесте посочени години само две Трамп ги завршил со добивка. Во 2020 година воопшто не платил даноци, во 2016 и 2017 година сумата изнесувала 750 долари. Во 2015 година Трамп платил врз основа на даноци 642.000 долари, во 2018 и 2019 година – 999.000 односно 133.000 долари.