Трамп побара претседателските избори да се одложат

Доналд Трамп побара претседателските избори во ноември да бидат одложени, сметајќи дека гласањето по пошта би можело да доведе до измами и неточни резултати. Тој предложи тие да се одложат додека не се стекнат услови за „правило и безбедно гласање“.

Постојат малку докази за тврдењата на Трамп, но тој во минатото често зборуваше против гласањето по пошта, опишувајќи го како подложно на измами. Сојузните држави сакаат да го олеснат гласањето по пошта поради грижите за јавното здравје среде пандемијата на коронавирусот.

„Универзалното гласање по пошта ќе ги направи ноемвриските избори најнеточни и најизмамнички во историјата. Тие ќе бидат голем срам за САД“, напиша Трамп на Твитер и побара одложување на изборите.

Во почетокот на месецот, Калифорнија, Јута, Хаваи, Колорадо, Орегон и Вашингтон кажаа дека планираат целосно да ги одржат изборите по пошта. Речиси половина од сојузните држави ја имаат опцијата за вакво гласање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.