Трамп: Подготвен сум да се сретнам со Рохани кога околностите ќе го дозволат тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп, по самитот на Г7 во Бијариц, на завршната прес конференција изјави дека е подготвен да се сретне со неговиот ирански колега Хасан Рохани „кога околностите ќе го дозволат тоа“, јавува дописникот на МИА.

Осудувајќи го повторно „многу лошиот договор“ постигнат во 2015 година со Техеран, тој додаде дека Г7 работи на долгорочен договор со кој се гарантира дека Иран не се здобива со нуклеарно оружје или балистички ракети.

–Но, во моментов Иран мора да се придржува кон правилата на игра, да бидеме внимателни да не го правиме тоа што го рече дека ќе го стори, инаку ќе мора да користиме голема сила, додаде тој. .

Тој го оцени како реално одржувањето на ваков состанок во наредните недели.