Трамп помилуваше жена на молба на Ким Кардашјан

366

Жена на возраст од 63 години затворена во 1996 година поради растурање дрога пуштена е од затвор по помилувањето дадено од претседателот Доналд Трамп, а на молба од Ким Кардашјан.

Алис Мери Џонсон, којашто била осуден на доживотен затвор, потрчала во емотивна прегратка на семејството откако го напуштила затворот во Пикенс Каунти, во сојузната држава Албама, пренесуваат локалните медиуми.

Нејзиниот случај дојде во прв план благодарејќи на Ким Кардашјан, којашто лобираше за нејзиното ослободување, а минатата седмица се сретна по тој повод со претседателот Трамп.

Белата куќа објави дека Џонсон била примерна осуденичка и оти напорно работела на својата рехабилитација.

„Иако сегашната администрација секогаш ќе биде многу остра кон криминалот, верува дека оние коишто го исплатиле својот долг и напорно работеле да се подобрат самите додека се во затвор, ја заслужуваат втората шанса“, истакна портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Ким Кардашјан на Twitter напиша, реагирајќи на одлуката на Трамп: „Најдобрите вести досега“.

Трамп, инаку, се залага за најстроги казни за криумчарите на дроги, а неодамна зборуваше и за тоа дека за таквите криминалци сака смртна казна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.