Трамп порача дека цел е третиот човек на Исламската држава

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека САД ја знаат локацијата на којашто се крие третиот човек во командната верига на џихадистичката организација Исламска држава чиј основач и водач Аби Бакр ал-Багдади се разнесе во текот на операцијата на американските специјалци во Сирија.

„Го имаме на нишан… Неговиот трет човек има многу проблеми, бидејќи знаеме каде се наоѓа“, рече Трамп одговарајќи на прашања по излагањето во Економскиот клуб во Њујорк.

По смртта на ал-Багдади, САД и Турција почнаа да трагаат по неговите можни наследници и симпатизери, при што турските војски во Сирија уапсија десетици членовио на неговото семејство од кои очекуваат драгоцени информации за структурата и односите во Исламската држава,

Трамп не ја идентификуваше новата цел на евентуална американска операција. Претходно во ноември, САД соопштија дека истражуваат извесен Абу Ибрахим ал-Хашеми ал-Куреши, кој бил именуван за нов лидер на џихадистичката групација.

Следниот ден по ликвидацијата на ал-Багдади Исламската држава го потврди и убиството на портпаролот на ал-Багдади, Абу ал-Хасан ал-Мухаџир, за кого Трамп рече дека се сметал за наследник на лидерот на Исламската држава. Арапските медиуми претходно оценуваа дека џихадистите Абу Абдел Рахман ал-Џезрау и Абу Осман ал-Фаранси, би можеле да ја предводат терористичката Исламска држава по смртта на новниот водач.

Некои медиуми, пак, наведуваа дека ал-Багдади недолго пред неговата ликвидација го пролгасил својот наследнил и според нив станува збор за ирачкиот Туркмен Абдула Кардаш, кој бил неговиот најголем следбеник но и истовремено и најголем конкурент на ал-Багдади. Неговото вистинско име е Амир Мухамед Саид ал-Маул, и е пет години поблад од својот покровител. Кардаш се запознал со ал-Багдади во американскиот затвор, а исто така бил војник во војската на Садам Хусеун, а потоа го привлекле идеите на Ал Каеда