Трамп порача дека ќе се регулираат или затворат компаниите на социјалните мрежи  

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави дополнителни регулирања или затворање на социјалните мрежи кои ги обвини за политичка некоректност и пристрасност, ден откако Twitter го означи неговиот твит како објава која корисниците треба да ги „проверта фактот“ од некои негови твитови.

Трамп во неколкуте утрински твитови ги повторни своите одамнеши обвинувања за политичката пристрасност на технолошките платформи.

„Републиканците чувствуваат дека платформи на социјалните мрежи сосема ги стивнуваат гласовите на кознервативците… Силно ќе ги регулираме или затворме, пред некогаш да дозволиме тоа да се случи… Почнете чесно да се однесувате, ВЕДНАШ!!!“, напиша Трамп.

Американскиот претседател уште во август 2018 година жестоко ја критикуваше тогашната одлука на интернет гигантите да ги суспендираат активностите на американските десни конзервативци на социјалните мрежи, оценувајќи дека станува збор за дискриминација, и обвинувајќи две големи телевизии дека се „болни“. Коментарите тогаш следеа откако интернет гигантите започнаа офанзива против приврзаникот на теориите на заговор и претставник на крајната десница Алекс Џонс, кому му е забрането користење на мрежите Facebook и Spotify, а Twitter исто така на една седмица го ограничи неговиот профил.

„Социјалните мрежи апсолутно ги дискриминираат гласовите на републканците/конзервативците. Тие го замолчуваат многуте десничари, додека истовремено не прават ништо против другите… Цензурата е нешто многу опасно и апсолутно е невозможна за надзор… Ништо не е толку лажно како CNN и MSNBC, но сепак не барам да се укине нивното болно однесување… Нека учествуваат сите, и добрите и лошите“, истакна пред две години Трамп ветувајќи дека неговата влада тоа нема да го дозволи, но тогаш не наведе кои мерки би биле преземени.

Сервисот за микроблогирање Twitter во вторникот првпат досега со означување ги повика корисниците да ги проверат податоците во тивтовите кои ги објавува американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека неговите тврдења во врска со дописното гласање се покажале наводно невистинити.

Американскиот претседател веднап во твит им одговори на челниците на Twitter дека компанијата се меша и зазема страна во американските претседателски избори.

„Twitter целосно ја гуши СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ, и јас, како претседател, тоа нема да го дозволам“, напиша Трамп алудирајќи на американскиот устав.

Со син извичник мрежата ги предупредува кориснциите да ги „проверат фактите за дописното гласање“ и ги насочува на страница со новински написи и информации кои ги дознал тимот на Twitter за проверка на фактите за тврдењата на Трамп.

Меѓутоа, нема појаснување како се врши селекцијата на презентираните медиумски содржини според кој „тимот за проверка на фактите“ одредува на која објава треба да се стави сомнеж. Така, еден од насловите на врвот од оваа страница која ја презенитра Twitter е „Трамп изнесува неосновани тврдења дека дописното гласање ќе доведе до изборни злоупотреби“.

Трамп, кого на Twitter го следат над 80 милиони корисници на мрежата, во своите твитови од вторникот наведе дека дописното гласање „во значителна мера би било нечесно“, како и дека „би резултирало со наместени избори“. Во врска со тоа директно го прозва гувернерот на сојузната држава Калифорнија, иако таа не е единствената која го користи овој начин на гласање.

Од Twitter потврдика дека првпат во историјата е применето правилот за посебно одбележување на твитовите на претседателот на САД откако претходно во мај беше воведена политиката на компанијата во врска со објавување „залажуачки информации“.