Трамп порача дека Ким ризикува да загуби сѐ по новиот тест на Пјонгјанг

230

Американскиот претседател Доналд Трамп порача во неделата дека севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун ризикува „да загуби сѐ“ доколку продолжи со непријателските постапки и дека неговата земја мора да се денуклеаризира, откако Пјонгјанг објави дека извел „успешен тест од голема важност“.

„Ким Џонг-ун е премногу паметерн и може премногу да загуби, всушност сѐ, доколку постапува на непријателски начин. Тој потпиша силен договор за денуклеаризација со мене во Сингапур“, напиша Трамп на Twitter алудирајќи на историскиот самит меѓу американски и севернокорејски претседател во Сингапур во 2018 година.

„Тој не сака да го расипе својот пригвилегиран однос со американскиот претседател, ниту да се меша во американските претседателски избор следниот ноември“, додаде Трамп.

Пјонгјанг претходно во неделата објави дека севернокорејската војска во саботата извела „многу важен тест“ на полигонот за лансирање проектили Сохае.

„Северна Кореја, под водство на Ким Џонг-ун, располага со огромен економски потенцијал, но мора да се денуклеаризира како што вети. НАТО, Кина, Русија, Јапонија и целиот свет се согласни во врска со тоа“, додава Трамп.

По опасниот пораст на тензиите, САД и Северна Кореја започнаа дијалог по историската средба на двајцата челници во јуни 2018 година во Сингапур. Но вториот самит во февраури годинава во виетнамската престолнина Ханој, не даде напредок и преговорите од тогаш се во застој.

Трамп во саботата изрази задоволство од своите многу добрите односи со севернокорејскиот видач. „Мислам дека и двајцата сакаме така да остане. Тој знае дека ме чекаат избори“, рече американскиот претседател и додаде дека би бил изненаден доколку Северна Кореја постапи непријателски“.

Севернокорејската службена новинска агенција KCNA објави дека Академијата за национални одбранбени науки го известила Централниот комитет на Работничката партија на Кореја дека успешно извела тестирање во саботата вечерта.

Во извештајот на агенцијата се истакнува дека тестот ќе има „значителен ефект на промена на стратешката позиција на Северна Кореја“, но не изнесе поединости за какви проби станува збор.

Сместен на северозападот од земјата, на границата со Кина, полигонот Сохае беше напуштен во 2018 година. Но претходно годианва, според неко извештаи на организации за надгледување на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма, започнала повторната изградна на споменатиот полигон. Меѓу другот, беше објавено дека новите градежни работи биле изведувани токму во времето кога Трамп и Ким се сретнаа во Ханој во февруари.

Јужнокорејската новинска агенција Yonhap објави дека тврдењето на Пјонгјанг био можела да значи дека успешно тестирала нов мотор за проектили кој би можел да биде користен за проектили со долг дострел или за интерконтиненталните балистички проектили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.