Трамп порача дека на негово барање кинеската војска не интервенирала во Хонгконг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека кинеската војска не интервенирала за да ги сузбие повеќемесечните простести кои прераснаа во насилства во полуавтономниот регион Хонгонг, затоа што тој тоа го побарал од кинескиот колега по должност Кси Џинпинг.

„Без мене, Хонгконг би бил срамнет за 14 минути. Кси Џинпинг има милион војници на позициите надвор од Хонгконг. Не влегоа само затоа што јас тоа го побарав од него“, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.

Со Хонгконг, поранешна британска колонија која се врати во рамките на матицата Кина во 1997 година, се управува според начелото „една земја, два система“, и тамошното население ужива во слободи кои се непознати за остатокот од земјата. Според договорот, овој принцип ќе се применува до 2047 година.

„Мораме да го поддржиме Хонгконг, но исто така ги поддржувам и претседателот Кси“, порача Трамп.

Американскиот претседател ова го изјави откако Конгресот донесе резолуција во која се истакнува поддршката за „човековите права и демократијата“ во Хонгконг. Резолуцијата треба да биде потпишана и од Трамп.