Трамп порача дека сојузните држави мора да дозволат одржување богослужби

Американскиот претседател Доналд Трамп побара во петокот од сојузните држава повторно овој викенд да го дозволат одржувањето на верските обреди, откако храмвите на сите религии се затоврени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Со усмен налог од Белата куќа, претседателот Доналд Трамп ги прогласи храмовите за „неопходни“ дејности, што значи дека може да бидат отворени во текот на епидемијата. Додаде дека Центарот за превенција и контрола на болестите (CDC) ќе издадат упатства според „неговата директива“, наспроти претходните медиумски написи дека јавните здравствени функционери се воздржуваат од издавење пошироки препораки.

Во САД сѐ посилен е притисокот од конзервативните заедници за попуштање на мерките во врска со објектите, по критиките дека продавници за алкохол се прогласени за „есецијални“ во време на епидмијата, но не и верските објекти. Трамп, јасно, се водел од ваквите поплаки при носењето на одлуката.

„Ги повикувам гувернерите да им дозволат на нашите цркви и храмови повторно да бидат отворени, веднаш сега“, изјави Трамп, додавајќи дека „луѓето имаат потреба“ од можност да присуствуваат на богослужбите во црквите, синагогите и џамиите.

Трамп инсистираше државните и локалната избрани функционери и службеници да ги следат насоките на сојузните држави.

„Доколку тоа не го сторат, ќе ги поништам одлуките на гувернерите. Во Америка ни се потребни повеќе молитви, а не помалку“, се закани Трамп.

Американскиот устав ја штити целосната религиска слобода. Некои сојузни држави, главно водени од републиканските гувернери, од претходно дозволуваат повторно одржување на богослужбите.

Според истражувањето на институтот Pew, околу третина од Американците еднаш седмично присуствуваат на верски обреди, иако е во пораст процентот лица кои велат дека ретко или никогаш не одат во верски објект.