Трамп посака „огромен републикански бран“ на конгресните избори на 8 ноември

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа повика на „огромен бран“ гласови на републиканците на изборите на 8 ноември за да се врати контролата врз Конгресот од демократите на претседателот Џо Бајден.

На митингот во североисточната држава Пенсилванија, кој ќе биде клучен за исходот од гласањето во вторник, Трамп, кој не крие дека сака да се кандидира во 2024 година, им рече на приврзаниците: „Ако сакате да ставите крај на уништувањето на нашата земја и да го спасите американскиот сон, тогаш во вторник треба да гласате за републиканците за огромен црвен бран“.

Црвената е бојата на неговата конзервативна партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.