Трамп посмртно го одликуваше Елвис Присли

Гласоти и музиката на славниот Елвис Присли накусо одекнуваа во петокот во Белата куќа каде што на свеченоста организирана во чест на „кралот на рокенролот“ беше пуштена нумерата „How Great Thou Art”.

Доналд Трамп посмртни му го додели Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно одликување во САД. Наградата се доделува на уметници, научници, спортисти и филантропи за нивниот придонес во културата или мирот.

Американскиот претседател, видно добро расположен, се присетувал на концертот на Присли на кој присуствувал пред повеќе од дваесет години.

„Обожавателите викаа, потполни се распаметија“, рекол Трамп додавајќи дека организаторите објавиле дека пејачот „ја напуштил салата“ за да се смири масата.

Елвис Присли, кој во 1970 година беше примен во Белата куќа од тогашниот претседател Ричард Никсон, беше најден без свест во неговата вила во Мемфис, во сојузната држава Тенесеи на 16-ти август 1977 година.

Легендата на бејзболот Бејб Рут и поранешниот судија на Врховниот суд, Ентони Скалија, исто така, постхумно беа одликувани со Претседателскиот медал на слободата.