Трамп потврди дека американските сили го убиле синот на Осама бин Ладен

Хамза бин Ладен, син на ликвидираниот основач и водач на исламистичката терористичка мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, е убиен во антитерористичка органиација на американските сили, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во саботата, што претставува прва официјална потврда на американските власти.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека претседателот Трамп рекол дека операцијата била изведена во авганистанско-пакистанскиот регион, но не се наведуваат други податоци.

Стејт департментот во 2017 година го прогласи Хамза бин Ладен за глобален терористи, откако тој повика на терористички напади во западните престолнина и се закани дека ќе им се одмазди на САД поради смртта на неговиот татко.

Агенцијата Reuters на 31-ви јули пренесе дека американски функционери веруваат дека Хамза бин Ладен е убиен, но изјавата на претседателот Трамп денеска е првата официјална потврда.

„Тоа не можам да го коментирам“, двапат повтори Трамп на 31-ви јули на прашањата на новинар на телевизијата NBC News.која се повика на информации од три неименувани извори.

Не е јасно зошто Белата куќа се решила да ја објави сега информацијата за смртта на Хамза бин Ладен, неколку месеци по првите информациите за ликвидацијата.

Хамза бин Ладен беше сметан за најобожуваниот сим, па и наследник на Осама бин Ладен, основачот на џихадистичката организација која ги изведе нападите од 11-ти септември 2001 година врз САД. Вашингтон во февруари годинава понуди награда од милион долари за секоја информација која би довела до негово апсење. Нему во март му беше одземено саудиското државјанство.

Хамза бин Ладен често го сметаа за „принцот наследник на џихадот“. Некои документи, меѓу кои и писма кои агенцијата AFP ги откри во мај 2015 година, потвруваат дека Осама бин Ладен го сметал за свој наследник на чело на светскиот џихад против Западот.