Трамп потврди дека со Зеленски разговарал и за Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата потврди дека со украинскиот претседател Владимир Зеленски телефонски разговарал, меѓу другото, и за својот многу можен противник во американската претседателска трка следната година, поранешниот потпретседател Џозеф Бајден и неговиот син Хантер.

Хантер Бајден беше член на бордот на директори на „Burisma Group“, една од најголемите приватни гасни компании во Украина. Во времето кога неговиот татко Џо Бајден беше американски потретседател во 2016 година, бараше строга антикорупциска политика од властите во Киев, и како дел од оваа кампања повика на оставка на тогашниот вршител на должноста јавен обвинител на Украна, а кој ги истражуваше активностите на „Burisma Group“. Истовремено, Јуриј Луценко, јавниот обвинител на Украина, изјави дека не располага со докази за престапи кои можеле да ги сторат Бајден постариот и неговиот син на територијата на земјата.

Последните денови САД ги тресе нов политички скандал, откако еден од припадниците на американското разузнавање стациониран во Украина доставил извештај за наводен „несоодветен“ телефонски разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот украински колега по должност Владимир Зеленски. Медиумите наклонети на неолибералната струја во политичкиот естаблишмент во Вашингтон наведуваат дека Трамп наводно се обидел да влијае врз Зеленски да отвори и фабрикува истрага против Хантер Бајден.

Според оцената на телевизијата CNN, која е отворена војна со Трамп уште откако тој ја најави во 2016 година својата номинација за тогашните претседателски избори, доколку американскиот претседател се обидел да ја искористи својата моќ да се принуду странски државник да влијае на американските избори (со отворањето на истрагата) тоа би ја предизвикало најголемата политичка криза во неговиот мандат. Телевизијата, која отворено се стави на страна на демократскиот противкандидат на Трам на минатите избори – Хилари Клинтон, вели дека нема докази за порешни постапки на Бајден или неговиот син во Украина.

Телефонскиот разговор со Зеленски е во центарот на медиумскиот и политичкиот интерес од петокот, кога некои медиуми пренесова дека Трамп наводно повечепати барал од украинскиот лидер да го истражи Бајден, кој е фаворит за номинацијата на Демократската партија за претседателските ибори во неомври 2020 година, дека ја злоупотребил својата позиција додека бил американски потпретседатело во мандатите на Барак Обама.

Трамп признава дека му се јавил на Зеленски, но нагласи дека новиот телефонскиот разговор главно се однесувал на честитките по повод победата на соговорникот на претседателските избори во Украина. Корупцијата на таткото и синот Бајден била само попатно спомената, рече Трамп.

„Разговорот во најголем дел се однесуваше на честитки, за големата корупцијаа, воопшто корупцијата, целата корупција која се случува и во голем дел за фактот дека не сакаме нашите луѓе, како потпретседателот Бајден и неговиот син, да ја придодаваат корупцијата којашто веќе ја има во Украина“, рече Трамп.

Доколку Трамп навистина барал од Зеленски да биде истражуван Бајден, тоа одговара на промовирање на странско мешање во американските избори во 2020 година, сметаат во Демократската партија. Во тој случај, Конгресот можеби нема да има друг избор, туку да покрене постапка за отповикување, рече во неделата претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, демократот Адам Шиф.

„Ако претседателот ја ограничува воената помош и во исто време се обидува да притисне странски лидер да стори нешто незаконски, да му обезбеди валканици против политичкиот противник во текот на претседателската кампања, тогаш тоа може да биде единственото решение кое одговара на злото коешто го претставува таквото однесување“, рече Шиф алудирајќи на налогот на Трамп кој ускрати дел од воената помош за Украина откако американските власти го критикуваа Киев за масовната и раширена корупција.

Трамп негираше дека сторил нешто погрешно. Неговите сојузници, меѓу кои и државниот секретар Мајк Помпео, и неговиот личен адвоката Руди Џулијани, не гледаат ништо спорно во споменатиот телефонски разговор со Зеленски.

Иако другите пратеници повикаа да се покрене постапка за отповикување, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, демократката Ненси Пелоси засега дава отпор на оваа иницијатива. Републиканците главно останаа воздржани, а сенаторот Мит Ромни кој беше поразен од Трамп на републиканските предизбори во 2016-та, е еден од ретките кој изрази загриженост.

„Ако претседателот барал или го притиснал претседателот на Украина да го истражи неговиот политички противник директно или преку личниот адвокат, тоа би било многу загрижувачки“, напиша Ромни на Twitter.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.