Трамп повтори дека има доверба во Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во неделата на Twitter дека и натаму има доверба во севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, и покрај застојот во преговорите за нуклеарната програма и неодамнешното повторно тестирање на оружје од страна на Пјонгјанг.

„Северна Кореја лансираше неколку парчиња помало оружје, што ги вознемири некои во мојата земја и на други места, но не и мене. Му верувам на претседателот Ким дека ќе го одржи ветувањето што ми го даде“, објави во пораката на микроблогот Тремп кој во моментов се наоѓа во посета на Јапонија.

Американскиот претседател покрај тоа вели декла се „насмеал“ на навредите од севернокорејската службена новинска агенција KCNА на сметка на поранешниот потпретседател Џо Бајден кого го нарече „кретен“ и „глупак со низок квоциент на интелигенција“, по критиките кој овој демократ ги упати на адреса на Ким. „Можеби тое е некој сигнал упатен до мене?“, прашува Трамп, со кој Бајден, кој е кандидат на претседателските предизбори во Демократската партија, има намера да се соочи на претседателските избори во 2020 година во САД.

Северна Кореја на почетокот од мај за нецела седмица испита две реакети со кус дострел, што беше неочекувано по почетокот на политиката на попуштање на тензиите на Корејскиот полуостров каде во 2018 година започна преговорите за севернокорејските нуклеарна и балистичка програма. Првиот историски самит меѓу Трамп и Ким се одржа во јуни 2018-та во Сингапур и заврши со заедничка изјава за „целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров“, што беше нејасна формуалција, па двете страни различно ја толкуваа. Но вториот самит во виентамски Ханој во февруари оваа 2019-та, заврши неуспешно. По него Ким го обвини Вашингтон дека им пристапува на преговорите нечесно и бараше од САД да го променат пристапот