Трамп повторно ја „помилува“ мисирката пред Денот на благодарноста

Американскиот претседател Доналд Трамп во Розовата градина на Белата куќа во вторникот го одржа традиционалното сценариот и ја помилува мисирката Корн, како дел од годишниот претседателски ритуал, пред во четвртокот по повод Денот на благодарноста, мисирките традиционално да се најдат на масите на собраните семејства ширум САД.

„Корн, на овој начин ти дарувам целосно полмилување“, рече Трамп.

Веднаш потао имаше кус брифинг за новинарите на кој ги пофали залагањата на неговата администрација, особено во светлината на тоа што берзанскиот индекс Dow Jones малку претходно во вторникот го проби плафотнот од 30.000 индексни поени.

„Тоа е најмногу во историјата. Никогаш не сме минаме 30.000. И тоа покрај сето што се случува со пандемијата. Тоа е добро за сите“, рече Трамп.

Трамп се појави пред новинарите помалку од 24 часа откако даде одобрување да започне процесот на преност на власта на тимот неговиот противкандидат на претседателските избори на 3-ти ноември, Џо Бајден.

„Сакам да им честитам на сите луѓе во администрацијата коишто толку напорно работеа, а најмногу од сите сакам да му честитам на народот на нашата земја“, рече Трамп заблагодарувајќи им е на новинаите и повлекувајќи се без да одговара на евентуалните прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.