Трамп предлага вбризгување на дезинфекциско средство на болните од коронавирус

Американскиот претседател Доналд Трамп се најде на удар од критики од страна на медицинската заедница откако посочи дека вирусот би можел да се лекува со вбризгување на средство за дезинфекција во организмот.

Тој исто така посочи дека телото на пациентот треба да се „искапе“ во ултравиолетово светло, а таа идејата ја отфрли лекар.

„Да замислиме да го изложиме телото на големи количини на ултравиолетово или многу силно  светло“, изјави Трамп на прес-конференција, свртувајќи се кон советникот д.р Дебора Беркс, изјавувајќи дека тој „смета дека не е проверено, но дека тие можат да тестираат “.

Американскиот претседател тогаш изјави дека ако силна светлина влезе во телото што може да се направи преку кожата или на други начини, тоа звучи интересно.

Тој исто така истакна дека дезинфексот го уништува вирусот за неколку минути и дека постои начин да се направи нешто слично со болеста, како што е инјектирање во телото.

Трамп потоа повторно се сврте кон Брикс и ја праша дали некогаш чула дека вирусот се лечи со „топлина и светлина“. Брикс одговори дека знаела за одговорот на телото ако некој има температура и дека тоа помогна во борбата против вирусот, но сигурно не со „топлина и светлина“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.