Трамп предупреди дека Аризона ја очекува наплив од имигранти

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека сојузната држава Аризона ја „очекува голема навалица од имигранти“ по должината на делот од границата која нема заштитна ограда, и го повтори повикот до Демократската партија да го поддржат неговиот предлог за финансирање на градењето ѕид на границата.

„Аризона, заедно со нашата војска и пограничното патролирање, се подготвува за масовен прилив на просторот БЕЗ ЅИД. НЕМА ДА ГИ ПУШТИМЕ ДА МИНАТ“, напиша Трамп во постот на Twitter продолжувајќи го притисокот особено врз демократските пратеници во настојувањето да го одобрат долгорочното финансирање на владините агенции до крајот на септември следната година.

Претставници на Белата куќа, на Министерството за внатрешна безбедност и на Пентагон засега не одговараат на барањата да ја коментираат изјавата на претседателот, наведува агенцијата Reuters, која забележува и дека Трамп „не пружил“ докази за своето тврдење и дали имал предвид некој одредена група имигранти.

Американската Царинска и гранична заштита во средата објави дека пограничните агенти во Аризона уапсиле две групи лица од Хондурас и Гватемала, како и дека вкупно границата нелегално ја минале 124 луѓе.

Американскиот Конгрес одобри во четвртокот како привремено решение финансирање во двонеделен период, но пратениците се’ уште треба да ја одобрат мерката за подолгорочно финансирање на владините агенции до крајот на фискалната година во септември. Претседателот Трамп оваа година од Конгресот бараше пет милијарди долари за границата и се закани со запирање на работењето на владат, доколку пратениците не се согласат. Демократите тврдат дека ѕидот нема да биде ефикасен во запирањето на илегалната имиграција и криумчарењето на дроги преку границата.