Трамп: Престанав да пијам лекови против Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека престанал да пие лекови против новиот коронавирус.

– Сега веќе не пијам никакви лекови, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Се очекува Трамп денеска да им се обрати на своите приврзаници од терасата на Белата куќа, а в понеделник закажа митинг во Флорида.

Претходно беше соопштено дека втората дебата помеѓу Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден што требаше да се одржи на 15 октомври е откажана откако американскиот претседател одби виртуелна дебата.

Виртуелна дебата беше предложена поради тоа што Трамп е инфициран со Ковид-19.

Тоа значи дека третата дебата во Нешвил,што треба да се одржи на 22октомври најверојатно ќе биде последно соочување на двајцата кандидати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.