Трамп разговарал со лидерот на талибаните, оцени дека имаат заеднички интереси со САД

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со политичкиот лидер на авганистанското радикално исламистичко движење Талибан, и оцени дека тоа бил „долг и добар разговор“, неколку дена по потпишувањето на историскиот договор кој треба да резултира со повлекување на американските единици од Авганистан.

Разгоровот на американскиот претседател и мулата Абдул Гани Барадар, се довивал додека талибанските бунтовници ја продолжуваат офанзивата против силите на авганистанската влада во Кабул.

На новинарското прашање во Мериленд куќа дали станува збор за прв разговор со Барадар, главниот преговарач на талибаните во процесот во катарската престолнина Доха, Трамп одбил прецизно да се изјасни, пренесува AFP.

„Не сакам да зборувам за тоа, но денеска имавме многу добар разговор со лидерот на Талибан. Тие се стремат кон завршување на оваа војна. И ние се стремиме кон завршување.. Мислам дека сите ние имаме заеднички интереси“, одговорил Трамп,

„Мојот однос со мулата е многу добар. Имавме добар долг разговор денеска. Тие сакаат завршување на насилствата“, додал американскиот претседател.

„Мислам дека имаме заеднички интерес. Таму сме 20 години. Другите претседатели се обидоа, но не успеаја да постигнат ваков договор“, додал Трамп и повторно изразил задоволство од договорот склучен во Доха.
Во разговрот со Трамп, Барадар барал од американскиот челник никому да не дозволи да се преземаат мерки спротивни од договорот.

Од Трамп новинарите барале да го коментира фактот што авганистанската влада не е наклонета на ослободувањето на талибанските борци и приврзаници од нејзините затвори, што е дел од договорот, и се оценува како една од поголемите пречки за остварува траен мир во Авганистан.

„Можно е дека тие не сакаат да го сторат тоа. Благодарение на САД долги години тие живеаја добро. И не станува збор само за вооружените сили, доколку ги погледнете сите суми коишто ги потрошивме во Авганистан. Потрошивме трилиони и трилиони долари. Ние се однесуваме (таму) исто како полициски сили. Ние не водиме некаква вооружена борба“, одговорил Трамп.

На крајот повторил дека високо го цени разговорото со Барадар. „Јас со него денеска имав навистина одличен разговор“, рекол Трамп.

Според договорот од Доха, Американците и нивните сојузници се обврзуваат да ги повлечат сите свои единции од Авганистан во текот на следните 14 месеци, а талибанита на почитување на договорот, меѓу другото и започнување на преговори со владата во Кабул за воспоставување траен мир.

Талибаните во понеделникот најавија прекин на ткн „редуцирано“ примирје воведено на 22-ри февруари, и продолжување на офанзивата против авганистанските безбедносни сили, два дена по потпишувањето на договрот од Доха,. Порачаа дека нема да преговараат со авганистанската влада сѐ додека нивните 5.000 луѓе не бидат пуштени од затворите. Со договорот од саботата САД и талибаните се обврзуваат да даботат на ослободување на борците и политичктие затворенции во рамките на мерките за градење доверба.