Трамп размислува за испраќање уште 2.000 војници во Полска, се надева на средба со Путин и Кси

Полска и САД потпишале неколку договори и го продолжиле договорот за снабдување со течен гас во средата во текот на посетата на полскиот претседател Анджеј Дуда на Вашингтон каде што неговиот домаќин Доналд Трамп рече дека би можел да испрати уште две илјади американски војници во оваа поранешна членка на комунистичкиот воен блок Варшавски договор а сега на НАТО.

По средбата со Анджеј Дуда, американскиот претседател Доналд Трамп во средата откри дека размислува за испраќање уште две илјади американски војници од Германија во Полска, што го барала Варшава поради своја безбедност од наводни потенцијална руска агресија.

САД веќе имаат распоредени војници во Полска, според договорот од 2016 година со НАТО во рамки на западната реакција на случувањата во Украина во 2014 година. Америка има до 50.000 војници во Германија, и 2.000 од нив би можело да бидат прекомандувани во Полска, рекол Трамп. Повторил и дека Полска ќе мора да издвои и големи средства за воен објект за американските војници и оти се надева дека Русија ќе се однесува кон оваа држава „со почитување“, пренесува Reuters.

Трамп, исто така, по оваа средба за новинарите изјавил дека му се чини оти може да се постигне трговски договор меѓу САД и Кина, но се закани и со нови царини доколку нема успех во преговорите. Во Белата куќа рекол дека планира да се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг, но не открил повеќе поединости. Според американските медиуми, тоа би можело да се сличи во претстојниот самот на Г20 во Јапонија кон крајот на јуни.

На маргините од самитот Трамп се надева дека ќе има и билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, го цитира агенцијата AFP американскиот претседател. Трамп ваквата средбна ја најави во мај, но од Кремљ тогаш порачаа дека нема согласност од руска страна. Последниот пат кога се сретна со Путин во Хелсинки во 2018-та, и вети подобрување на односите со Русија, Трамп беше критикуван од американската политичка елита поради „помирливиот“ тон кон рускиот челник.

Американскиот претседател во средата ги коментираше и масовните протести во Хонгконг поради законот кој би овоможувал државјани од овој автономен регион кој оваа деценија беше вратен под управа на Пекинг, да бидат израчувани во Кина за евентуални судски процеси.

„Ја сфаќам причината за протестот, но се надевам дека ќе успеат тоа да го средат. Се надевам дека ќе успеат да се договорат со Кина. Имаше милион луѓе. Тоа беше најголемиот протест што некогаш сум го видел“, истакнал Трамп.

Во текот на посетата на Дуда, американскиот министер за енергетика, Рик Пери, чиешто министерство американскиот природен гас го нарекува „гасот на слободата“, разговарал во Белата куќа со новинарите. Пери минатата седмица учествуваше на средбата на Иницијативата Три мориња во Словенија чија една од главните цели е постигнување на енергетска независност на ЕУ од Русија. Во Словенија Дуда зборувајќи за ЛНГ терминалот кој се гради во Полска и терминалот за течниот гас на хрватски Крк рече дека со терминалите „можеме да си даваме поддршка меѓусебно ако има потреба“.

Трамп и претходно и во средат рече дека размислува за санкции поради рускиот гасовод Северен тек 2 кој ги удвојува капацитите за испораки на рускиот гас во Германија и притоа го предупреди Берлин дека не смее да зависи само од овој извор на енергенси.

„Ние ја штитиме Германија од Русија а Русија добива милијарди и милијарди долари од Германија“, рече Трамп минатиот месец.

Околу 1.220 километри долгиот гасовод Северен тек 2, кој во моментов е во изградба за која руската команија „Газпром“ вели дека се одвива според планираното, ја подели ЕУ бидејќи источновевропските и балтичките, и некои нордиски земји, сметаат дека од Германија ќе мора да купуваат поскап руски гас. Според западните земји, во прв ред Германија, пак, сметаат дека гасоводот чијашто цел е да се заобиколи Украина со која Русија имаше во минатото неколку ткн „гасни војни“ од кои страдаа европските потрошувачи, тој ќе донесе економска добивка.

Американските сенатори вече предложија мерка со којашто би се санкционирае поединици и пловила кои се поврзани со градењето на Северен тек 2.

Ниту во средата не ја пропушти можноста да го критикува Берлин, бидејќи не издвојува 2 отсто до својот бруто домашен производ (БДП), што го бара од сојузниците во НАТО, истакнува во својот извештај од Вашингтон германската новинарска агенција DPA.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.