Трамп ретерираше, сепак би пријавил странско мешање во кампањата

43

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ја „смени плочата“ за тоа дали на властите би им пријавил странско мешање во политичка кампања и во интервјуто за Fox News вели дека „секако“ би ги известил наддлежните служби.

„Секако дека треба да се внимава, да се контактира FBI или да се извести главниот обвинител и слично… Доколку би помислил дека нешто е неточно или штетно е објавено, би го пријавил на државниот обвинител, на FBI. Би го пријавил тоа во полицијата, апсолутно“, вели американскиот претседател Доналд Трамп во разговорот за телевизиската мрежа Fox News.

Претходно во четвртокот во разговрот за телевизијата ABC News, Трамп изјави дека не би одбил информации кои би оделе на штета на неговите противници, доколку би ги добил во текот на претседателската кампања за изборите во 2020 година и објасни дека „нема ништо лошо во тоа“. Рече и дека тоа не би се сметало како мешање во изборите. „Доколку некој би ги поседувал тие информации, мислам дека и би ги прифатил“, додаде американскиот претседател.

Покрај тоа, во разговорот за ABC News, Трамп рече дека не се согласува со ставот на директорот на Федералното биро за истраги (FBI), Кристофер Врех, дека во текот на политичка кампања би требало да се известува за сомнителни информации од странски влади.

Опозициските неолиберални првенци од Демократската партија го обвинија во четвртокот републиканскиот претседател дека со тоа „ѝ дал зелено светло“ на Русија да се вмеша во претседателските избори во 2020 година, а Трамп во петокот даде спротивна изјава.

Поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден, кој во моментов е водечки претседателски кандидат меѓу демократите, објави во петокот видео на Twitter во кое со обврзува дека нема да користи дезинформации во својата камања или да толерира надворешно мешање.

„Трамп потполно греши. Нема да бидам дел од никаков обид за поткопување на демократијата или довербата на јавноста во нашите институции“, вели Бајден.

Наводите за наводното мешање на странски земји во американските претседателски избори во 2016 година на кои изненадувачки победи Доналд Трамп, досега го одбележаа неговиот мандат, и поради тоа беше спроведен голема истрага којашто ја водеше специјалниот државен обвинител Роберт Мјулер. Во извештајот се заклучува дека не постојат доволно докази дека постоел договор на кампањата на Трамп со Москва, а повторно без никакви докази се наведува дека има траги за наводен руски обид за мешање во американскиот изборен систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.