Трамп: Ризикот од коронавирус во САД и натаму е многу низок

(AP Photo/Evan Vucci)

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени во неговиот очекуван говор ноќта кон четвртокот по средноевропско време дека ризикот од коронавирусот во САД и натаму е многу низок, но дека се подготвени на сѐ за да се спречи појава на епидемија.

Потпретседателот Мајк Пенс го именуваше за прв човек на телото за спроведување мерки за сузбивање на коронавирусот и изјави дека засега не се разгледува можноста за ограничување на патувањата во и од земјите како Јужна Кореја и Италија кои се зафатени од епидемија.

„Ризикот за американскиот народ и натаму е многу низок. Подготвени сме за прилагодување и подготени сме да сториме сѐ што мораме за вирусот да не се шири“, изјави Трамп додавајќи дека ќе биде прифатена секоја сума којашто Конгресот ќе ја одреди за борбата против коронавирусот.

Претседателот Трамп, исто така, смета дека ширењето на новиот сој коронавирус Covid-19 во САД е неизбежно.

„Веројатно тоа ќе се случи. Може да биде на многу ниско ниво или може да биде на највисоко ниво. Што и да се случи, целосно сме подготвени“, рече Трамп,

Американскиот министср за здравство Алекс Азар изјави дека во САД во моментов 59 лица се заболени од коронавирусот, вклучително и 42-та американски државјани, патници вратени во татковината од туристичкиот крстосувач „Diamond Princess“, вкотвен во јапонското пристаниште Јокохама.

Американските здравствени експерти ги предупредија своите сонародници да се подготват за поголем случај на коронавирусот, а градските власти на Њујорк објавија дека се подготвени да обезбедат дополнителни 1.200 болнички кревети за потребите на заболените. Иако во градот досега нема потврдени слуачи на коронавирус, њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио ја повија федералната влада да им помогне во набавка на 300.000 дополнителни заштитни маски.