Трамп: САД не поседуваат докази за труење на Навални

Соединетите држави немаат докази за наводно труење на опозицискиот блогер Алексеј Навални и сѐ уште точни не знаат што се случило, изјави во петокот на прес-конфеенцијаа во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп.

„Јас не знам што точно се случило. Мислам дека тоа е трагедија, не смеело да се случи. Сѐ уште немаме никакви докази, но ќе истражиме“, одговори Трамп на новинарско прашање.

„Би бил многу лут ако се покаже дека е така (труењето на Навални). Ние ќе ги проучиме податоците и документите, бидејќи следните денови ќе ни бидат испратени многу документ“, додаде американскиот претседател.
Трамп ја допре „руската тема“ и односите со Русија како целина, порачувајќи им на новинарите дека треба повеќе да се концентрираат на Кина отколку на Русија.

„Многу нешта се случуваат (во односите со Русија). Мислам дека бев оној кој ги предупредуваше САД и целиот свет во врска со проектот Северен тек 2. Прашував зошто Германија дава милијарди и милијарди долари на Русија, за да ги добива своите енергетски ресурси од Русија. Имаше и санкции и сѐ друго“, додаде американскиот претседател истакнувајќи дека Вашингтон и Москва водат круцијални преговори за стратешката стабилноста и контрола врз вооружувањето.

Трамп со тоа ги потврдува размислувањата на некои аналитичари дека „случајот Навални“ во кој е инволвирана Германија е насочен на гасоводот Северен тек-2 кој речиси 94 отсто е изграден, на кој силно се спротиставуваат САД а Берлин неодмана ги отфрли повторените барања да го запре и се спротистави на американските санкции.

Според Трамп, САД не ги ставаат под сомневање заклучоците на Германија за тоа што се случило со Навални, одговарајќи на прашањето дали Вашингтон има причина да се сомнева во информациите на Берлин во врска со наводното труење на рускиот опозициски блогер.

„Не. Слушнав дека заклучоците на Германија биле конечни или речиси конечни. Не ги видовме. Не. Јас, се разбира, ќе го прифатам тоа. Тие (Германија) сакаат да направат нешто, сакаат да преземат мерки“, рече уште Трамп.

Според него инцидентот со Навални „не требало да се случи“. „Ние тесно соработуваме со многи земји по различни прашања“, додаде Трамп.

САД и меѓународната заедница како целина мора сериозно да ја проучат ситуацијата околу Русинот, смета американскиот претседатело.

Трамп беше запрашан како од неговот гледна тчка САД и меѓународната заедница треба да постапат во врска со заклучоците на германската влада за наводното труење на Навални.

„Сметам дека треама многу сериозно да разгледаме, за да сфалтиме дали има (вистински) случај, Мислам дека ќе го сториме тоа“, рече Трамп.

Притоа американскиот претседател изјави дека никот од неговите претходнници „не дејствувал пожестоко кон Русија“ од него. Истовремено Трамп изрази мислење дека челниците на САД и на Русија успеваат да се согласат.

Се чини дека Трамп не зазема толку остар став во случајот на Навални како Стејт департментот, кој во петокот изрази „сериозна загриженост поради откритието дека Навални е труен“.

На средбата одржана во Вашингтон, заменикот државен секретар Стивен Биган, кој неодамна престојуваше во Москва во врска со настаните во Белорусија, на рускиот амбасадор Анатолиј Антонов му рекол дека користењето на хемиско оружје од страна на Русија претставува јасно кршење на обврските кои ги преземела со Конвенцијата за хемиското оружје.

„Заменикот државен секретар ја повика Русија целосно да соработува со меѓународната заедниц во истрагата за овој напад“, соопшти портпаролката Морган Ортагус.