Трамп: САД остануваат внимателни во однос на „Исламска држава“

19

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД и натаму ќе бидат внимателни кога е во прашање терористичката група „Исламска држава“ и ги предупреди евентуалните регрути дека ќе бидат „мртви“ ако се придружат на џихадистите.

Тој синоќа истакна дека тоа што ИД ја изгубила целата територија која ја имаше под контрола во Ирак и Сирија е доказ за нејзиниот лажен наратив, а џихадистите ги нарече „губитници кои секогаш ќе бидат губитници“.

Трамп потсети дека ИД е одговорна за брутални егзекуции, убиства на жени и деца, експлоатација на деца војници и сексуално насилство.

Сириските демократски сили, поддржани од САД, вчера соопштија дека го ослободиле и последното упориште на терористите од ИД во Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.