Трамп: САД планира да го намали военото присуство во Ирак

Претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, во саботата откри дека неговата земја планира дополнително да го намали военото присуство во Ирак.

-САД планираат да го намалат военото присуство во Ирак, напиша Трамп на Твитер, во врска со извештајот објавен неодамна од мрежата „One American News“, според кој САД можат да го намалат бројот на своите војници во Ирак од 5.200 на 3.500.

Ова соопштение доаѓа само една недела откако меѓународната воена коалиција предводена од САД започна со повлекување од ирачката воена база Таџи.