Трамп сака да добие одобрување за користење на потенцијалната британска вакцина пред изборите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува добивање одобрување за користење на потенцијалната вакцина против коронаворусот, која ја развиваат британско-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ и британскиот Универзитет Оксфорд, пред претседателските избори на почетокот од ноември, пишува весникот The Financial Times.

Една од опциите кои се разгледува би ја вклучувала американската Агенција за храна и лекови (FDA), која би дала „одобрување за итно користење“ на потенцијалната британска вакцина. Меѓутоа, од фармацевтската компанија ја демантираа оваа опција.

„AstraZeneca нема разговарано со американската влада за одобрување за итна употреба (на потенцијалната вакцина) и би било преурането да се нагаѓа за оваа опција“, соопшти портпаролката на компанијата.

Компанијата додава дека испитувањата на вакцината во втората и третата фаза сѐ уште се изведуваат на испотаници во Обединетото Кралство и на други пазари во светот, како и дека не очекуваат резултати за ефикасноста на вакцината до крато на годината. Во петокот руското министерство за здравство објави дека дало одобрување „AstraZeneca“ третата фаза од клиничките испитувања на својот препарат да ја спроведе во Русија.

Шефот на персоналот на Белата куќа, Марк Медоуз и министерот за финансии Стив Мнучин, изјавиле на состанокот на 30-ти јули со претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, дека администрацијата ја разгледува споменатата опција, пишува The Financial Times, цитирајќи неименува извор присутен на состанокот.

Во светот сѐ уште нема одобрена вакцина против коронавирусот, освен во Русија за која Западот изразува сомневања. Препаратот AZD1222 на „АstraZeneca“ се смета за еден од водечките кандидати.

Меѓутоа, релативно малото истражување во Велика Британија не е осмислено за да се добијат доволно податоци според кои во САД би можело да добие одобрување за итна употрена, предупредиле изворите на The Financial Times.