Трамп сака да ја вклучи Кина во преговорите за продолжување на СТАРТ-3, вели Болтон

© AFP 2019 / US DoD

Американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да ја вклучи Кина во разговорите за продолжување на договорот за стратешкото ракетно вооружување СТАРТ-3, вели неговиот советник за национална безбедност Џон Болтон во разговор за списанието Washington Free Beacon.

Болтон ја истакнува желбата на САД во разговорите да бие вклучена и Кина, којашто во моментов не е ограничена од одредбите од споменатиот договор, во преговорите за контролата над вооружувањето, во услови на постојано зголемување на ризикот од ширење на оружјата за масовно уништување во современиот свет.

„Сега Кина вели ‘Ние имаме толку малку нуклеарно оружје, не би било справедлива да нѐ вклучуваат нас (во договорот). Доколку јас би ја претставувал кинеската страна, и јас би го кажал истото“, вели Болтон.

Според некои експерти, Пекинг во случај да се направат сериозни обиди да биде вклучен во новите преговори за Договорот за намалување на стратепкото оружје (СТАРТ-3), ќе бара Русија и САД своите стратешки офанзивни потенцијали да ги намалат за седум пати.

„Така, тие остануваат надвор од контролатата над вооружувањето и можат бесконечно да го зголемуваат (својот потенцијал). Необходно е да се најде активен модел, во рамките на трипартитен договор или да ја разгледаме можноста за вклучување на други нуклеарни сили“, додава советникот на америкаснкиотпретседател.

Болтон ја истакнува неопходната потреба да се земе предвид мултиполарноста на современиот свет и заканата од натамошното ширење на нуклеарното оружје.

„Ако сакате да постигнете контрола над оружјето, тоа не треба да се прави во застарениот стил од времето на Студената војна. Треба да го се гледа на светот каков што е тој во овој момент, а не како кога контрола на оружјето беше важен дел од односите меѓу САД и СССР“, вели во продолжение Болтон.

Договорот СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседателеки на суперсилит Барак Обама и Дмитриј Медведев, останува единствениот договор во моментов кој е на сила меѓу САД и Русија за ограничување на оружјето. Договорот истекува во 2021 година, а досега Вашингтон не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека на 2-ри февраури годинава се повлече од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор.