Трамп сака да му биде најдобриот пријател и да го направи Иран ’повторно голем’, но може и да го пеплоса

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека ќе наметне дополнителни санкции против Иран, за да го спречи Техеран да дојде до посед на нуклеарно оружје, и додаде дека воената акција и натаму е на силам, као и дека во тој случај иранската држава би била целосно уништена.

Трамп разговарал со новинарите во Белата куќа објаснувајќи зошто во последен момент ги откажал воените удари врз Иран кои би требало да бидат одмазда за иранското уривање на американскиот воен шпионски дрон/.

„Воведуваме дополнителни санкции.. Во некои случаи одиме бавно, но во други одиме брзо“, рекол Трамп. Но американскиот претедател, исто така, рекол дека е подготвен да ја смири ексалацијата, додавајќи дека има добра волја да постигне договор со Иран за кој смета дека ќе ја зајакне ослабената економија на оваа земја.

„Ќе го наречеме ’Да го направиме Иран повторно голем’“, рекол Трамп алудирајќи на својот предиборен слоган од претседателските избори во 20016 година.

Трамп, како што пренесува AFP, исто така, рекол дека на Иранците ќе им биде „најдобриот пријател“, доколку се откажат од нуклеарната програма.

„Нема да му дозволиме на Иран да добие нуклеарно оружје и кога тие тоа ќе го прифата ќе имаат богата земја, ќе бидат среќн, а јас ќе им биде најдобриот пријател. Се надевам дека тоа ќе се случи. Да се надеваме дека се паметни. Кога би можеле да го вратиме Иран на патот на економската обнова, тоа би било фантастично“, рекол Трамп.

Во меѓувреме „ќе продолжиме да наметнуваме економски санкции“, рекол американскиот претседаетл пред патото во базата Кемп Дејвид, а најавил дека таму ќе се дискутира за Иран.

Истовремено американските медиуми пренесуваат делови од интервјуто на Трамп за неделната емисија „MeetThePress“ на телевизиската мрежа NBC News, во кое вели дека не сака војна, но го предупреди Иран дека доколку се случи војна ќе се соочи со уништување. Трамп нагласува дека САД биле отворени за разговори, но повторува дека нема да дозволат Иран да развива нуклеарно оружје.

Америкаснкиот челник, исто така, објаснува дека го отповикал нападот над Иран, бидејќи му било кажано дека ќе загинат 150 Иранци. „„Не го сакав тоа. Мислам дека не би било пропорционално“, вели Трамп повторувајќи го ставот кој го изнесе претходно во петокот.

„Не сакам да убијам 150 Иранци. Не сакам да убијам 150 кои и да се луѓе ако тоа не е апсолутно неопходно“ посочува Трамп додавајќи дека „многу ја цени“ одлуката на Револуционерната гарда на Иран да не го собори американскиот шпионски авион во кој имало 35 луѓе кој го следел собореното беспилотно летало.

„Прашав колку луѓе ќе бидат убиени? Господине, ќе провериме сега. Одлични луѓе, овие генераливе. Се вратија и рекоа: ‘Господине, околу 150$. Размислив малку и реков: ‘Знаете , тие соборија дрон без екипаж, авион, како и да го наречеме. А ние сега зборуваме за 150 мртви луѓе и тоа ќе се случеше околу половина час откако ќе дадев дозвола. Не ми се допадна тоа. Мислам дека не беше, не беше пропорционално”, вели Трамп.

Трамп, исто така, вели дека соборувањето на американскиот дрон „најверојатно било намерно“, што е спротивно на неговата изјава од четвртокот, кога рече дека можеби се работи за грешка од некој кој е едноставно „непретпалив и глупав“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.