Трамп „се нуди“ за посредување меѓу демонстрантите во Хонг Конг и Пекинг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека трговскиот договор со Кина може да биде одложен додека не се посигне решение меѓу продемократските демонстранти и Пекинг. Тој рече дека лично може да се вклучи во процесот на постигнување договор меѓу Пекинг и дисидентите.

Трамп се огласи преку Твитер за да соопшти за напорите на неговата администрација да стави крај на преговорите за ставање крај на трговската војна со Кина. Откако напиша дека „илјадници компании ја напуштат Кина“, претседателот рече дека и „Кина да сака договор со САД“.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека САД се длабоко загрижени за извештаите за кинески војници се упатуваат кон границата со Хонг Конг.

Вчера, советникот за национална безбедност Џон Болтон ја предупреди Кина да покаже воздржаност кога се справува со мирољубивите протести во Хонг Конг.

Протестите ескалираа изминатите денови, кога кинеските државни медиуми покажа видео снимки на судири меѓу полицијата и демонстрантите.