Трамп се тестирал за Ковид-19, резултатите за ден или два

Американскиот претседател Доналд Трамп е тестиран за коронавирусот, а резултатите ќе бидат познати за еден ден или два, јави Си-Ен-Ен.

Трамп се ракуваше со голем број на луѓе во текот на неделата на прес-конференција, спротивно на санитарните препораки.

Белата куќа соопшти денеска дека ќе ја мери температурата на „сите во близок контакт“ со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс како мерка на претпазливост против ширењето на Ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.