Трамп ѝ се заблагодари на Турција поради пуштање на слобода на пасторот Брансон

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се заблагодари во саботата поради пуштењето на слободата на американскиот евангелистички пастор Ендрју Брансон кој две години беше во затвор под обвиние за врски со забранетата терористичка Работничка партија на Курдистан (PKK) како и за поврзаност со движењето на исламистичкиот клерик Фетула Ѓулен обвинето за неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули 2016 година.

Случајот на пасторот Андрју Брансон, по одбивањето на Вашингтон да го екстрадира во Турција Фетула Ѓулен кој во САД живее во доброволен егзил од 1999 година, предизвика за зголемување на тензиите меѓу двете земји, вклучително и финансиски санкции за Анкара. Меѓутоа, американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли во саботата тврдењата дека го договорил ослободувањето на пасторот, кој пред неколку месеци беше пуштен во куќен притвор но со забрана да ја напушти турската територија.

„Не договарам спогодби за заложници. Меѓутоа, постои голема благодарност на САД, којашто ќе доведе до добри, можеби и одлични односи меѓу САД и Турција“, напиша на Twitter Трамп во саботата утрото по локално време.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пак, претходно во саботата изјави дека судот независно ја донел одлуката за ослободувањето на Брансон.

„Драг господине претседател, како што отсекогаш истакнував, турското правосудство ја донесе својата одлука независно. Се надевам дека Турција и САД ќе ја продолжат соработката како сојузници, што и се, и ќе се борат заедно против терористичките групи“, напиша на Twitter турскиот претседател.

Брансон, кој од јули беше во куќен притвор, во петокот ја напушти Турција, а Трамп изјави дека со него ќе се сретне во Белата куќа во 14,30 часот по вашингтонско време.

Односите меѓу двете членки на НАТО се влошија, покрај овие два случаи, и со американската поддршка на курдските борци во северна Сирија, против турскиот план да ги купи рускиот напреден одбранбен систем за одбрана од проектили С-400, откако сојузниците од Алијансата одбија да ѝ продадат, како и поради американското затворање на директорот на турската државна банка поради наводното кршење на американските санкции против Иран.

Случај Брансон донесе нови тензии, поради што Трамп во август одобри зголемување на царините за увоз на алуминиум и челик од Турција за 20 односно за 50 отсто, а Турција возврати со големување на царините на увозот на американски автомобили, алкохол и тутун. Турција се најде во финансиска криза, и турката лира оваа година стрмоглаво загуби над 40 отсто од вредноста во однос на американскиот долар.

Брансон, кој во Турција живеел повеќе од 20 години, го отфрли обвинувањата за поврзаност со курдските милитанти и организацијата на Ѓулен, а Вашингтон бараше неодложно негово ослободување.