Трамп ѝ се закани на Кина – САД ќе реагираат силно

45

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД ќе реагира силно ако Кина го спроведе планот да воведе нов закон за национална безбедност во Хонг Конг.

Тој ова го изјави само неколку часа откако неименуван кинески претставник најави носење Закон за Хонг Конг како одговор на минатогодишните насилни протести и најтешки немири од враќањето на Хонг Конг под суверенитет на Кина во 1997 година.

Преставникот изјави дека со законот ќе бидат забранети мешањето од странство, тероризам и сите други сепаратистички активности кои се насочени на рушење на централната власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.