Трамп ѝ се закани на Кина со нови царини од дополнителни 300 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Кина со нови царини на „најмалку“ 300 милијарди долари вредност на кинеските стоки, но додаде оти верува дека Пекинг и Мексико сакаат да ги разрешат недоразбирањата во трговската војна со САД.

Тензиите меѓу двете најголеми светски економии остро се зголемија по прекинот на преговорите во трговската војна која се разгоре на почетокот од мај. Иако Трамп во четвртокот рече дека преговорите со Кина и натаму траат, дирекните состаноци меѓу претставници на двете земји немаше од 10-ти мај, откако Вашингтон ги зголеми царините на 25 отсто за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари, што предизвика одмазнички мерки од Пекинг.

„Нашите преговори со Кина, многу интересни работи се случија, ќе видиме што е следното… Можам да ги зголемам царините на уште најмалку 300 милијарди долари стоки, и тоа ќе го сторам во вистинскиот момент. Но мислам дека Кина сака да постигне договор, и мислам дека Мексико сака договор по секоја цена“, рече Трамп во четвртокот пред качувањето во претседателскиот авион „Air Force One“ на ирскиот аеродром Шенн пред патувањето во Франција на комеморацијата на годишнината од сојузничката инвазија во Нормандија во Втората светска војна.

Трамп, сепак, не кажа на кои кинески стоки точно мисли. Истовремено во четвртокот кинеското министерство за трогвоиа пиорача дека Пекинг мора да усвои одредени противмерки, доколку Вашингтон едноста ги ескалира трговските тензии. Истакнаа дека американските притисоци сериозно го забавила преговарачкиот процес.

Меѓунардониот монетарен фонд (ММФ) предупреди во средата дека зголемувањето на царините ќе ја уништи довербата во пазарите и компаниите, како и дека ќе го забави глобалниот економски раст а кој во моментув верува дека ќе се поправи во текот на следната 2020 година.

Првата средба меѓу американските и кинеските функционери би можела да се случи на маргините на самитот на финансиските челници на земјите од групата Г20 во Јапонија, каде учествуваат американскиот Стив Мнучин и кинескио Ји Ганг, министри за финасии.

Мексико и САД, пак, во четвертокот ги продолжуваат преговорите во Вашингтон, на кои ќе се обидат да ги остранат американските намери за наметнување царини од пет отсто на мексикански производи. Тарифите може постапно периодочно да се зголемува до 25 проценти, доколку Соединетите држави не бидат задоволни како мексиканските власти се справуваат со прашањето на нелегалните имирганти на јужната американска граница.