Трамп се заканува со трговски притисок за да поттикне продонеси во НАТО

Претседателот Доналд Трамп изјави во четвртокот дека САД би можеле да извршат трговски притисок врз земјите кои не придонесуваат доволно во НАТО.

Трамп, кој во четвртокот вечерта допатува во Вашингтон од Лондон од самитот на Северноатлантскиот сојуз, настојува да изврши притисок врз земјите членки повеќе да придонесуваат во Алијансата. Американскиот претседател веднаш по враќањето рече дека многу земји се приближуваат до целта од 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) како придонес во заедничкиот буџет на НАТО.

„Многу земји се блиску и се сѐ поблиску. А некои навистина не се ниту блиску и ние би можеле да сториме нешто поврзано со трговијата. Не е чесно тие да добиваат американска заштита, а да не даваат свои пари“, рече Трамп.

Американскиот челник и францускиот претседател Емануел Макрон спореа околу иднината на НАТО во вторникот пред самитот во средата, чија цел беше одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на овој воен сојуз.

Во острата размена на вербални пораки, која ги истакнува несогласувањата во Алијансата а кои многумина на Западот го слават како најуспешниот воен договор во историјата, Трамп побара европските членки повеќе да плаќаат за нивната заедничка одбрана и да направат отстапки за американските интереси во трговијата.

Трамп, покрај тоа, позитивно зборуваше за Алијансата во четвртокот, велејќи дека неговите средби на маргините од самитот во Лондон минале добро, како и дека „НАТО е во многу, многу добра состојба, а односите со другите земји се навистина извонредни“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.