Трамп се заканува со укинување на помошта на Пакистан и повторно го критикува Иран

© AFP 2017 / Nicholas Kamm

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во понеделникот дека би можел да ја укине помошта за Пакистан, додека во врска со Иран оцени дека „дошло времето за промени“, во своите први твитови во 2018 година.

„САД глуп. аво последните 15 години дале 33 милијарди помош на Пакистан, а тие за возврат не дале ништо освен лаги и дволичност, мислејќи дека нашите челници се идиоти. Тие ги штитат терористите коишто ние ги гониме во Авганистан. Доста беше!“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп во првиот свој твит во новата 2018 година објавен малку по 7 часот наутро по локално време.

Весникот The New York Times минатата седмица објави дека американската администрација сериозно ја разгледува можноста да не исплати помош во износ од 255 милиони долари, сметајќи дека Пакистан не прави доволно во борбата против тероризмот на својата територија.

Американско-пакистанските односи се влошија уште за време на администрацијата на претходниот претседател Барак Обама ккојашто, исто така, ја осудуваше „дволичноста“ на Пакистан, особено во однос на талибаните во Авганистан. Исламабад, пак, како на кршење на неговиот суверенитет остро реагираше на американските воздушни удари во планинските паштунски региони на земјата во кои се засолништата на исламистите и во кои често имаше цивилни жртви како и убиени пакистански војници.

Трамп уште во декември се закани дела повеќе САД нема да го помагаат Пакистан. „Секоја година му плаќаме енормни суми на Пакистан. Тие мора да ни помогнат“, рече американскиот претседател претставувајќи ја новата стратегија за националната безбедност.

Односите со Пакистан ги отежнува и фактот дека станува збор за нуклеарна сила и нејзините сојузници не сакаат ваквиот арсенал да заврши во посед на исламистичка влада или кај екстремистите.

Истовремено во утринските новогодишни твитови американскиот претседател оценува дека во Иран е дојдено времето за промени, по насилните антивладини протести во кои има и жртви.

„Иран не успеа во секој поглед, и покрај многу лошиот (нуклеарен – з.р.)договор склучен со владата на Обама. Големиот ирански народ веќе со години е изложен на репресија. Гладен е за храна и слобода. Богатството на Иран е запленето, како и човековите права. Време е тоа да се промени“, напиша Трамп што е третпат од петокот американскиот претседател да ги критикува иранските власти.