Трамп: Ситуацијата во Венецуела нема врска со САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ситуацијата во Венецуела нема никаква врска со американската Влада.

Трамп ова го кажа во Белата куќа, откако венецуелксиот претседател Николас Мадуро соопшти дека властите во оваа земја уапсила двајца американски државјани за кои, наведе, се одговорни за неуспешниот вооружен напад, пренесоа британските медиуми.

Мадуро на националната телевизија во Каракас обвини 13 платеници за обид за државен удар, меѓу кои и двајца американски државјани кои, како што наведе, работат за безбедносните структури на американскиот претседател.