Трамп смета дека ако Блумберг се кандидира, само ќе му наштети на Бајден

Поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот Мајкл Блумберг само ќе му наштети на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, доколку влезе во трката за номинацијата за претседателски кандидат следната година од Демократската партија, рече во петокот републиканскиот претседател Доналд Трамп на брифинг за новинарите во Белата куќа пред да полета за сојузната држава Џорџија.

„Одамна го познавам Мајкл (Блумберг), доколку се осврнете наназад… Тој зборуваше многу добри работи за Трамп… Малиот Мајкл нема да успее… го нема она што е потребно за успех. Мислам дека тој само ќе му наштети на Бајден“, рече Трамп додавајќи дека ниту со еден кандидат за претседателските избори во 2020 година не би сакал толку да се натпреварува како со Блумберг.

Мајкл Блумберг во март официјално објави дека по долго размислувње одлучил да не се кандидира, бидејќи тогаш во трката за номинацијата имаше дваесетина демократи и за да не ги намали шансите на Џо Бајден, кој како и тој самиот припаѓа на политичкиот центар.

Меѓутоа, извор близок на Блумберг во четвртокот за весникoт The New York Times рекол дека Блумберг може да се кандидира за номинацијата. Според соговорникот на весникот, 77-годишниот Блумберг собира потписи кои се неопходни за предавање на кандидатуратра во сојузната држава Алабама која бара кадиндатите да се пријават најдоцна до петокот по локално време, а каде предизборите ќе се одржат во март 2020 година.

Весникот објави и дека Блумберг сѐ уште не ја донел конечната одлука, но дека известил многу политичари на демократите дека може да влезе во предизборната трка. Во написот се оценува дека поранешниот градоначалник на Њујорк би станал силен ривал на проанешниот американски потпретседател, кој во моментов е водечки меѓу веројатните демократски предизвикувачи на републиканскиот претседател во ноември 2020 година.

Блумберг беше њујоршки градоначланик во три мандата, од 2002 до 2013 година. Познат е како филантроп и основач на истоимената новинска агенција специјализирана за финаниски информации и се ангажира во борбата со климатските промени. Се смета за еден од најбогатите Американци и деветти во светот, а списанието Forbes неговото богатство го проценува на повеќе од 52 милијади долари.

Блумберг долги години беше член на Демократската партија, но пред да се кандидират за градоначалник на Њујорк во 2001 година, се регистрираше како републиканец. Во 2009 година Блумберг се кандидираше за третиот мандат како независен кандидат, а во октомври 2018 година повторно се регистрираше како демократ. Уште во 2016 година размислуваше да се кандидира на претседателските избори како независен кандидат, но се откажа од намерата за да не ги подели демократите во борбата со Доналд Трамп.