Трамп со критики кон Германија поради долгови кон НАТО и за Северен тек 2

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикува својот сојузник во Европа, Германија, поради наводни долгови кон НАТО и за Северен тек 2, пренесуваат германските медиуми.

Трамп повтори дека има намера да повлече 10.000 американски војници од Германија.

– Од Германија веќе со години недостигаат уплати и таа должи милијарди долари на НАТО и тоа мора да го платат, порача Трамп на состанокот во Белата куќа.

Тој посочи дека Соединетите Американски Држави постојано ги надоместуваат парите кои недостигаат од Германија.

Според него, Германија „ги завлекува САД, како во трговијата, така и во НАТО“.