Трамп со закани до ЕУ заради огромните бариери за американскиот бизнис

САД ќе направат „многу лоши работи“ на Европската унија, ако поставените огромни бариери од Унијата за американскиот бизнис, не бидат намалени. Тоа го соопшти претседателот на САД, Доналд Трамп.

Шефот на американската држава исто така тврди дека на администрацијата и е на многу начини потешко да „работи“ со Европа отколку да соработува со Кина.

– Како што знаете Европа ни поставува огромни бариери за да правиме бизнис. Тие бариери ќе паднат. Односно треба да паднат, бидејќи ако не паднат ќе треба да правиме работи што се многу лоши за нив. Сите имаат корист од нас. Работата со Европа беше во многу односи полоша и потешка од работењето со Кина, нагласи Трамп.