Трамп: Србија ќе ја пресели амбасадата во Ерусалим, Израел и Косово ќе воспостават дипломатски односи

Американскиот претседател Доналд Трамп, говорејќи во Овалната канцеларија на Белата куќа пред средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот преиер Авдулах Хоти, изјави дека Србија се обврзала да ја пресели својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, како и дека Косово и Израел се согласиле да воспостават меѓусебни дипломатски односи.

Соопштението на Белата куќа за разговорите меѓу српската и косовската делегација, го истакнува и „напредокот“ кон остварувањето на мирот на Блискиот исток.

„Постигнавме, исто така, дополнителен напредок кон мирот на Блискиот исток. Косово и Израел се согласија да ги нормализираат односите и да воспостават дипломатски односи. Србија се обврза дека ќе отвори трговска мисија во Ерусалим овој месец и дека ќе ја пресели својата амбасада во Ерусалим до следниот јули“, се наведува во соопштението на администрацијата на САД.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во петокот вечерта објави дека Србија со преселеувањето на својата амбасада во Ерусалим ќе стане „првата европска земја“ којашто ќе го следи примерот на САД.

Истовремено Нетанјаху објави и дека Косово, исто така, ќе го отвори своето дипломатско претставништво во Ерусалим, што навестува дека поранешната српска покраина може да очекува признавње од Израел.

„Косово ќе биде првата земја со муслиманско мнозинство што ќе отвори амбасада во Ерусалим. Како што кажав последниве денови – кругот на мирот и признавањето на Израел се шири и се очекува да се приклучат повеќе земји“, објави израелскиот премиер.

Американскиот претседател Доналд Трамп ваквата одлука ја донесе пред две години, кога предизвика остри реакции од муслиманските и арапските земји, а Палестинците објавија за пропаст на децениските израелско-палестински мировни преговори. Остро реагираа и земјите од Европа, според кои источен Ерусалим е дел од палестинските територии окупирани од Израел во војната од 1967 година. Меѓутоа, последните месеци Вашингтон мина на стратегијата на посебни билатерални договори меѓу Израел и спротиставените арапски земји од регионот.

„Му благодарам на мојот пријател, претседателот на Србија (…) на одлуката да го признае Ерусалим за престолнина на Израел и дека таму ќе ја пресели амбасадата на својата земја“, се наведува во соопштението на Нетанјаху на хебрејски, додавајќи дека амбасадата ќе се пресели „до јули 2021 година“.

Делегациите на Белград и Приштина дискутираа во четвртокот и петокот во Вашингтон во продолжување на дијалогот за нормализација на меѓусебните односи.

„Денеска сум радосен што можам да објавам уште една историска заложба. Србија и Косово ветија дека ќе осигураат економска нормализација“, рече Трамп.

Според американскиот челник, тој понудил „нов начин“ за решавање на прашањет на односите меѓу Србија и Косово. Фокусирајќи се на создавање на работните места и економскиот таст, Белград и Приштина имаат можност „да постигнат вистински чекор напред во економската соработка за широк спектар прашања“, наведе Трамп.

Ја пофали „неверојатната храброст“ на Вучиќ и Хоти. „Благодарение на нив и одлуките што ги донесоа, зајакна безбедноста не само на Балканот, туку и низ целиот свет“, оцени американскиот претседател.