Трамп стави вето на забраната за употреба воена сила против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето во средата на претходно донесената резолуција во Конгресот со којашто се ограничуваат воените овластувања за воените акции и употреба на воена сила против Иран.

Текстот на Резолуцијата беше одобрен од двата дома на Конгресот, благодарение на поддршката на дел од членовите на Републиканската партија. Според таа резолуција, претседателот на САД не може да испрати трупи за „непријателско дејствување против Исламската Република Иран“ или „кој било дел од неговата влада и војска“ без „експлицитно одобрување“ на Конгресот во форма на изјава за војна или специјално одобрување.

„Денеска ставив вето на резолуцијата S. J. Res. 68, којашто ми наложуваше да престанам да ги користам вооружените сили на САД во воени операции против Иран. Тоа беше многу навредлива резолуција, донесена од страна на демократите во рамките на нивната стратегија за победа за изборите (во Конгресот) на 3-ти ноември, со поделби во Републиканската партија. Малкумината републиканци кои гласаа за неа им одеа во полза“, се наведува во соопштението на Трамп кое го објави Белата куќа.

Американскиот претседател е уверен дека резолуцијата на Конгресот се заснова на „неразбирањето на фактите и законите“ и инсистира дека ликвидацијата на иранскиот генерал Касем Сулејмани во јануари близу ирачката престолнина Багдад била „потполно легитимна со (американските) закони“.

„Резолуцијата подразбира дека иставните овластувања на претседателот да користи воена сила е ограничена на одбраната на САД и нивните вооружени сили од непосреден напад. Тоа не е точно. Живееме во непријателски свет сред нови закани, и уставот признава дека претседателот мора да може да ги предвиди следните чекори на нашите противниции да презема брзи и одлучни одговори. Тоа е она што го сторив“, вели Трамп.

Резолуцијата во март ја поддржаа мнозинството конгресмени. Претходно во февруари таа беше одобрена во Сенатот, каде што мнозинството го имаат републиканците, а не демократите како што е случајот во Претставничкиот дом. Тоа претставуваше сигнал за администрацијата на Трамп дека дури и некои негови сопартијци не го споделуваат неговиот курс кон Иран и стравуваат дека САД може да бидат вовлечени во војна со Исламската Република.

Документот, кој во Сенатот го внесе деморкатот Тим Кејн, го обврзува Трамп „да престане со сите непријателски дејствија насочени против Иран“, пред да има посебно одбрување или обајвување војна, што според уставот може да го стори само Конгресот на САД.

Покрај тоа, во резолуцијата се наведува дека таа не треба да се толкува како „пречка за САД да се заштитат од непосреден напад“. Особено се истакнува дека претседателот понесува „уставна одговорност за преземање мерки за заштита на САД, нивната територија, имотите, граѓаните, воениот персонал и дипломатите од напади“.