Трамп: Стигнува важна информација за изборните манипулации во Џорџија!

„Стигнува важна информација за изборните манипулации во Џорџија. Бидете во тек“, напиша Доналд Трамп на „Твитер“.

Џорџија после рачното пребројување на гласови, вчера и официјално прогласи победа на Џо Бајден. Претходно оваа држава прогласи победа на Бајден, но набрзо ја повлече објавата.

Според официјалните резултати, Бајден освоил 2.474.507 гласови, додека Трамп 2.461.837.

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, кој е републиканец, претходно истакна дека Доналд Трамп не успеал да освои електорски гласови од оваа земја.

Меѓутоа подоцна стигна исправка, односно дека „и натаму трае пребројувањето на гласовите“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.