Трамп стравува дека курдските сили можеби намерно ги ослободуваат џихадистите

© AP Photo / Manuel Balce Ceneta

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека арапско-курдските сили кои ги предводат сириските Курди во североисточна сирија можеби намерно ги ослободуваат заробените борци на џихадистичката групација Исламска држава за да ги привлечат американскиет сили повторно во истата боласт, и додеа дека тие би можело ледсно повторно да бидат заробени.

Турската воена операција „Извор на мирот“ во северна Сирија кај некои западни сојузници ја зголемува загриженоста дека борците на Исламската држава и нивните семејства кои се во кампови кои ги контролираат силите под водство на Курдите кои се поддржани од САД, би можеле да побегнат и да ја заживеат терористичката мрежа. Многу веќе побегнале, тврдат во западните престолнини, но не се наведуваат конкретни податоци и информации.

„Курдите можеби некои ги ослободуваат за да нѐ вклучат. Лесно би били повторно фатени во Турција или во европските држави од каде што многумина тргнаа, но мораат брз да дејствуваат“, наведува Трамп во еден од серијата твитови.

Воената операција на Турција следува по телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Трамп, и амариканската одлука да повлече извесен број свои војници од северна Сирија каде што се одвива офанзивата, што беше осудено од бројни критичари на американскиот претседател.

Целта на турската операција е да се неутрализираат и потиснат подалеку од турската граница курдските Единици за заштита на народот (YPG), кои се главната сила во Сириските демократски сили (SDF), арапско-курдска коалиција која ја обучуваат и вооружуваат САД. Но Анкара сириските Курди ги смета за фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) со која три децении војува во југоисточна Турција.

Во своите твитови од понеделникот утрото, Трамп повторно ѝ се закани на Турција со „голем санкции“. Администрацијата на САД најави во петокот дека подготвува санкции за Турција, а министерот за финансии Стивен Мначин додаде дека банките се известени за тоа. Меѓутоа, ниту Трамп, ниту министерствоо не дадоа поединости за можните санкци, ниту што би била конкретно нивната цел.

Неколку европски сојузници на Турција во НАТО, пак, веќе ги запреа привремено испораките на свое оружје за Анкара поради операцијата против сириските Курди.