Трамп: Сулејмани планираше да ја нападне Амбасадата на САД во Багдад

28

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД го уби иранскиот генерал Касим Сулејмани затоа што сакал да ја разнесе Амбасадата на САД во Багдад и дека ликвидацијата е дел од неговата предизборна кампања.

– Ние зграпчивме тотално чудовиште… а тоа требаше да се случи одамна. Го направивме тоа бидејќи сакаше да ја разнесе нашата Амбасада, изјави Трамп на предизборниот собир во Толедо.

Тој исто така додаде дека САД изведе смртоносен напад со дрон над Сулејмани бидејќи учествувал во организирање на проиранскиот напад на американската воена база во Ирак во декември минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.